Фудбал
26. January 2017 - 15:13

Давид стартуваше со Јокохама

Давид Бабунски пристигнал на Тајланд каде се приклучил на подготовките на Јокохама, клуб со кој, доколку не се случи нешто непредвидено, ќе потпише договор.
 
Младиот македонски репрезентативец, Давид Бабунски, на почетокот на годината го раскина договорот со Црвена Звезда, незадоволен од минутажата која ја добиваше од тренерот Миодраг Божовиќ.
 
Бабунски, поради тоа сакаше да замине од Црвена Звезда, а фактот што нередовно ја добивал плата го искористи за да замине од Белград.
 
Иако шпекулациите беа дека тој кариерата ќе ја продолжи во Европа (се споменуваа Јанг Бојс, Бурса и Олимпија), тој се определи за Јокохама, клуб од Јапонија.