Живот
1. March 2017 - 22:46

Давид пристигна дома: Ова е првата фотографија од сопругата на Даниел Кајмакоски со синчето!

Најубавите денови штотуку почнаа за поп-пејачот Даниел Кајмакоски и неговата сопруга Христина.

Имено, тие неделава за првпат се реализираа во улогата на родители, а сега плодот на нивната љубов им пристигна дома.

Па така, пресреќниот татко ја објави и првата фотографија од мама Христина заедно со Давид, но не пропушти и тој да се фотографира заедно со синот додека го носи кон дома.

-Добредојде мал човеку, тато те чува, напиша пејачот во описот на една од фотографиите.

Еве како изгледаат овие магични моменти за гордиот тато Даниел:

4daniel

1daniel

2daniel

3daniel