Даутоглу: Турција решително ќе ги штити јавниот ред и безбедноста
Турција ќе ги преземе сите неопходни мерки за да ги заштити јавниот ред и националната безбедност после нападите на припадник на Исламска држава и на курдските екстремисти, соопштија денеска од кабинетот на турскиот премиер Ахмет Давутоглу.
Турција, потсетува Танјуг, е погодена од бран насилство на југоисток од земјата каде е доминантна курдската популација, а откако во градот Суруч, на границата со Сирија, припадници на Исламска држава изведоа самоубиствен бомбашки напад во кој погинаа вкупно 32 лица, главно Курди.
Курдските екстремисти одговорија со напади врз полицајците за кои сметаат дека ја поддржуваат Исламска држава, пренесуваат британските медиуми.
Неодамнешниот бомбашки напад врз прокурдските активисти во Суруч, град во близина на сириската граница, кога погинаа 32 лица, а ранети беа 100, ги разбуди стравувањата дека сирискиот конфликт би можел да се прелее на територијата на Турција, наведуваат британските медиуми.
Турската војска веќе го зголеми нивото на безбедност долж некои делови од границата заради интензивираните судири во Сирија, во кои учествуваат курдски борци, џихадисти и сириската војска.
Речиси половината од сите оклопни возила што патролираат на сите турски граници, сега се распоредени долж границата со Сирија, изјави еден владин претставник.
Ново на Сител
-
Ограбено тетовско казино, уапсени две лица
-
Судот на БИХ одреди притвор за три лица уапсени под сомнение дека соработувале со картел кој шверцувал дрога од Латинска Америка во Европа
-
ОН: Речиси 282 милиони луѓе ширум светот се соочиле со акутен глад во 2023 година
-
Папата Франциск за конфликтите во Украина и Газа: Договорен мир е подобар од бескрајна војна
-
Барселона го одврати Чави од заминување, нов договор до 2025-та
-
Уште еден гигант тргнува по ѕвездата на Манчестер Сити
-
Петмина тинејџери обвинети за тероризам по прободувањето со нож во црквата во Сиднеј
-
ИДФ за снимката на заложникот објавена од Хамас: Ова е итен повик за акција