Дармановиќ: За Црна Гора завршено е прашањето за демаркација со Косово
Шефот на црногорската дипломатија Срѓан Дармановиќ денеска изјави оти е завршено прашањето за демаркацијата на границата помеѓу Косово и Црна Гора.
- Имаме многу добри односи со Косово и не се сомневане дека ќе продолжи тоа. За Црна Гора тоа прашање е завршено. Веруваме во демократските капацитети на институтиите во Косово и трпеливо ќе го чекаме конечното решение за разграничување со Косово, истакна вчера Дармановиќ.
Новиот косовски премиер Рамуш Харадинај само што стапи на функција ја распушти Комисијата за демаркација на границата со Црна Гора. Премиерот и неговата партија Алијанса за иднината на Косово (ААК) го обвини поранешниот шеф на Комисијата дека дејствувал против интересите на Приштина, како и оти Косово губи дел од територијата. Тој пред изборите вети ревизија на процесот на демаркацијата.
Косовскиот претседател Хашим Тачи во интервју за Гласот на Америка изјави дека договорот за демаркацијата на границата со Црна Гора „сега е само прашање на Косово“.
- Прашањето за демаркацијата повеќе не е меѓудржавно прашање Косово - Црна Гора, туку тоа е само прашање на Косовците, кои треба да донесат одлука во Парламентот, истакна Тачи.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација