Бизнис
6. December 2017 - 19:37

Дарко Димовски е новиот претседател на ССМ

Дарко Димовски е официјално новиот претседател на ССМ. Вкупно 68 делегати  од 108 му ја дадоа поддршката на вториот конгрес за избор на синдикален лидер. Димовски порача  дека ќе се стреми за враќање на работничките права и достоинството на работниците како и загарнтирана плата.

Единствениот противкандидат на Димовски освои само два гласа од делегатите. Тој незадоволен од гласањето кое според него требало да биде тајно, го напушти Конгресот заедно со членовите кои го поддржуваат.

ССМ брои вкупно 14 синдикати и организира најголем број од работниците во земјава. На изборот на Димовски му претходеше тешка борба. Двајцата кандидати за престолот, претходно беа сојузници во борбата да го симнат Живко Митревски од претседателската фотеља.