Џет-Сет
15. October 2015 - 14:33

Дара Бубамара: Снимаме порничи со сопругот, па што?

Тоа што таа и нејзиниот сопруг Милан Кесиќ го прават меѓу четири ѕида стои во неговиот телефон, така што смета дека се мали шансите во јавноста да се видат нејзините акции.

-За тие снимки не сакам да зборувам, а ако нешто постои, тоа го има маж ми. Види да ти кажам, имам филм, како и секоја девојка и тоа го чува маж ми во телефонот. Како и секоја девојка, нормално е да имам провокативно видео со партнерот, што има тука чудно? Тоа се приватни работи кои ги чуваме ние двајца, вели Дара, и додава дека нејзиниот сопруг нема љубоморни испади поради тоа што околу неа се врткаат помлади момчиња.

Лола Смиљаниќ ми остави 1.000 евра

Чест гостин на клупските свирки на кои гостува е и Милан Смиљаниќ, познат како Лола, а на една забава на сплав во Белград тој и оставил бакшиш од 1.000 евра. Секогаш фудбалерите ми оставаат пари, Лола Смиљаниќ ми остави 1.000 евра на бина и замина. Нормално е да ми се удвараат, ми праќаат цвеќе и шампањско и ми пишуваат пораки: „Даро, посвои ме“. Тоа е сосема нормална работа. Па и на улица момчиња од 20 години ме бакнуваат и ме обожуваат како риба - вели Дара.

-Имам среќа што немам љубоморен сопруг и што не прави проблеми кога ме муваат мажи. Тоа е голема работа, така што сум пресреќна што сум дружељубива и што имам многу пријатели кои ме опкружуваат. Знаат младите што е добро, вели пејачката.

Svašta nešto njih dvoje kriju: Milan i Dara

Им пеам на политичарите на тајни прослави

Пејачката истакнува дека многу често ја викаат од државнито врв за да направи луда забава на нивните приватни прослави. Имено, таа вели дека од политичарите подобар бакшиш даваат спортистите. 

-Има многу луѓе од политиката со кои соработувам. Често прават некои приватни журки во хотелите. Одам, ќе отпеам таму два блока. Повеќе пати сум пеела на различни политичари. Сепак мора да кажам дека многу подобар бакшиш даваат спортистите, повеликодушни се некако, вели Дара.