Џет-Сет
25. August 2016 - 14:21

Дара Бубамара ги спакува куферите и си замина на Дедиње

Пејачката поради бројните несогласување и проблеми со сопругот реши да започне нов живот во станот на Дедиње, кој го купи пред неколку години,

-Дара во последните недели е преокупирана со обврски околу работата и синот Коста. Сфати дека таа и Милан не можат да најдат заеднички јазик и дека повеќе нема искри како на почетокот од бракот. Седнале и разговарале за своите проблеми но никако не можеле да најдат заеднички јазик, па Дара во текот на ноќта ги спакувала своите работи и заминала во станот на Дедињњ, вели нејзини близок пријател.

-Дара и Милан како и секоја двојка, се карале, но тоа не било ништо големо. Меѓутоа пејачката одлучи дека повеќе несака да живее под ист покрив со мажот. Единствено што планира е, кога ќе се смират страстите, да седне со Милан и да го поделат имотот, за тоа да не го прават на суд. Желбата и е, тие двајца човечки да се договорат за заедничкиот имот кој го стекнале во претходните неколку годиним, вели изворот.

Пејачката деновиве не сакаше да даде изјава за медиумите.

-Ако постои било каква можност би ве замолила да не чепкате во мојот приватен живот. Она што се случува во семејниот дом сакам да остане таму и никој да не ѕирка таму. Моментално немам време тоа да го коментирам, работам и ме фативте на снимањето на спотот со ДиЏеј Маркони кој веќе подолго време сакам да го направам. Сакам да се посветам на работата и настапите кои ги имам секојдневно, а приватниот живот и овојпат сакам да го сочувам од јавноста, рече Дара Бубамара.