Данското МНР демантира дека го поддржува ветото за почеток на преговори на Македонија со ЕУ
Министерство за надворешни работи на Данска ги демантира вестите дека го поддржува ветото на Бугарија за почеток на пристапните преговори на Македонија со ЕУ, посочуваат од данското Министерство за надворешни работи.
-Информациите објавени во бугарските медиуми кои укажуваат на тоа дека Данска се приклучила кон ветото на Бугарија за пристапните преговорите на Македонија во ЕУ не се точни. Данска ги поддржува актуелните предлози на Европската Комисија во однос на преговарачката рамка со Албанија и со Македонија и тоа многу јасно го соопшти на сите форуми за преговори. Данска е подготвена да ги прифати овие преговарачки рамки, наведуваат од данското МНР, објави sdk.mk.
Од Министерството, како што се посочува во веста, потенцирале дека Данска, дополнително, ја поддржува европската перспектива на сите земји на Западен Балкан.
-Во овој поглед, Данска го поддржува почетокот на пристапните преговори со Албанија и со Македонија, откако ќе бидат исполнети условите утврдени од Советот за општи работи во март 2020 година, велат од Министерството за надворешни работи на Данска.
Ново на Сител
-
Приведен беровчанец кој лажел дека е грабнат за да земе 10.000 евра од својот татко
-
Лишен од слобода угостител од Тетово кој не ги почитувал мерките за спречување на Ковид- 19
-
На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 391 пациент, слободни кревети има
-
Борис Тунџев: Капиталните инвестиции во 2021 година за 20 отсто поголеми од лани
-
Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 22 пациенти, а вкупно се лекуваaт 279
-
Пендаровски: Бајден има лични релации со регионот, очекуваме посилен ангажман на новата администрација на САД
-
Во Србија пристигнаа милион дози од кинеската вакцина „Синофарм“
-
Колев: Да го запалиш знамето на државата која дала државјанства на илјадници твои граѓани е невоспитано