Фудбал
12. јуни 2021 - 19:53

Данскиот фудбалер Ериксен е во стабилна состојба

Данскиот фудбалер Кристијан Ериксен кој попладнево колабира за време на натпреварот меѓу Данска и Финска во рамки на Европското фудбалско првенство е во болница и е стабилен, објави УЕФА на официјалниот профил на Твитер.

Според фотографиите и кои ги објавија повеќе светски агенции и медиуми, Ерискен уште додека го изнесувале од теренот, бил свесен, со кислородна маска.

Публиката тоа не можеше да го види, бидејќи неговите соиграчи со чаршав го скрија неговиот соиграч додека на колична беше изнесуван од теренот.