Македонија
7. November 2019 - 10:50

Дански државјанин приведен на „Деве Баир“

Вчера во 18.10 часот на Граничниот премин „Деве Баир“, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување на исправа“, од слобода бил лишен Ј.А.Л.(22) од Данска. Тој бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Крива Паланка за понатамошна постапка.