Свет
12. March 2017 - 19:42

Данска предложи одлагање на посетата на турскиот премиер на земјата

Данскиот премиер Ларс Локе Расмусен денеска предложи одлагање на посетата на неговиот турски колега Бинали Јилдирим на Данска, поради дипломатската криза во односите меѓу Турција и Холандија,

- Во услови на сегашните турски напади врз Холандија, посетата не може да се одржи. Затоа му преложив на мојот турски колега посетата да биде одложена, се наведува во писмената изјава на Расмусен, што ја објави данската Влада. 

Јилдирим треба да ја посети Данска во текот на овој месец.

Односите меѓу Холандија и Турција се влишија откако вчера холандските власти одбија да му дозволат слетување во земјата на авионот на турскиот министер за надворешни работи Мевљут Чавушоглу, кој требаше да говори на митинг во Ротердам, а подоцна од Холандија беше протерана и турската министерка за семејни прашања Фатма Бетул Сајан Каја. По ваквите одлуки на Хаг, турските лидери упатија жестоки закани и напади на сметка на Холандија.