Свет
14. April 2021 - 13:43

Данска перманентно ја прекинува употребата на вакцината на „Астра Зенека“

Данска целосно ја прекинува употребата на вакцината против Ковид-19 на Астра Зенека,  јави денеска локалната ТВ 2, повикувајќи се на неименувани извори.

Според ТВ 2 таквата одлука ќе ја одложи кампањата за имунизација во Данска за неколку недели.

Данска ја прекина употребата на вакцината по случаи на тромбоза кај лица вакцинирани со Астра Зенека.