Loading Video...
Свет
7. April 2020 - 19:32

Данска од следната недела ги отвара градинките и училиштата, Германија за две седници излегува од карантин

Данска од следната недела ги отвара градинките и училиштата. Германија за две седници излегува од карантин,  а австријците од мај повторно ќе може да одат на шопинг-ова се дел од европските земји кои почнаа да ги ублажуваат мерките против корона вирусот.

Италија и Германија размислуваат да воведат и следење на паметните телефони, за да може навреме да реагираат на нови жаришта, а да не ја укинуваат слободата на движење.

Знаци на подобрување на ситуацијата со корона вирусот освен Италија која беше најпогодена земја и најдолго остана во карантин, има и во Шпанија. Таму се намалува бројот на починати лица, 457 нови смртни случаи се регистирани во оваа земја.

Допровo пикот се очекува во Велика Бријанија и тоа за една недела.

И додека коронавирусот пополека ја одминува Европа, се поголем замав зема во САД. Во оваа земја има над 11 000 заразени лица.

За првпат откако започна пандемијата со коронавирусот, Кина не пријави ниту еден смртен случај во изминатите 24 часа. Сега земјата се фокусира на случаи кои доаѓаат од странство, особено на оние кои немаат симптоми, но се носители на заразата.

Во Вухан, каде започна пандемијата, а беше во карантин од јануари, од ноќеска се укинува забраната за движење и ќе се овозможи влез и излез од градот.

Во светот има над еден милион и триста илјади заразени, од нив околу 76 000 ја загубија битката со корона вирусот, а се излечиле околу 300 000 лица.