Данска од 10 септември ги укинува сите мерки против Ковид-19
Од 10 септември Данска ги укинува сите рестрикции воведени поради пандемијата од Ковид-19, соопштија тамошните здравствени власти.
– Епидемијата е под контрола, имаме рекордно високо ниво на вакцинација, изјави данскиот министер за здравство Магнус Хеунике.
Данска е држава во која има едно од највисоките нивоа на имунизација во светот. Дури четворица од петмина Данци над 12 години се целосно вакцинирани. Токму ова е причината зошто Владата повеќе не го класифицира коронавирусот како „болест критична за општеството”.
– Владата вети дека нема да ги поддржи овие мерки подолго отколку што е потребно и ние сме сега во таа ситуација. Но, дури и ако моментно изгледа се добро, ние се уште не сме излезени од епидемијата, истакна министерот Хеунике.
Сепак, не е исклучена можноста од повторно воведување рестрикции доколку епидемиолошката состојба во државата повторно се влоши.
Бројот на пациенти во данските болници со Ковид-19 вчера изнесуваше 127. Вкупниот број на смртни случаи од почетокот на пандемијата достигна 2.573 лица.
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ ја официјализираше својата коалиција
-
Мицкоски очекува ТВ дуел со Ковачевски
-
МТСП: Понеделник неработен за граѓаните од католичка вероисповед
-
Се уште нема трага од двегодишната Данка, потрагата продолжува
-
Индустриското производство во февруари зголемено за 0,3 отсто
-
ДЗС: Струјата во второто полугодие лани поскапела за 8,2 отсто
-
СДСМ: Нема ништо ново во понудата на ВМРО-ДПМНЕ
-
И Италија ќе го чува македонското небо