Свет
2. February 2016 - 13:17

Данска ја продолжи контролата на границата кон Германија

Данската влада денеска одлучи да ја продолжи привремената контрола на своите граници кон Германија за 20 дена, до 23 февруари, изјави данската министерка за миграција, интеграција и сместување, Ингер Стојберг. 

Данската министерка наведе дека Владата проценила дека уште постои можнот голем број на бегалци да дојдат во Данска, пренесува Танјуг. 

Стојберг нагласи дека контролата на данската граница кон Германија е неопходна бидејќи Шведска, исто така, воведе контрола над своите граници.