Данска и Германија за продолжување на контролата на границите
Данска ќе ја продолжи привремената контрола на границата со Германија за уште 30 денови, до 2. јуни, соопшти данското Министерство за имиграција, интеграција и изградба на станови.
Официјален Копенхаген првпат воведе привремена погранична контрола на 4. јануари, како одговор на сличните чекори преземени од Шведска реагирајќи на големиот бран мигранти од Блиски Исток и од Африка.
- Данска Влада оценува дека пограничната контрола и понатаму е неопходна за да се избегне трупање на поголем број илегални мигранти во Данска, се наведува во соопштението на Министерство за имиграција, интеграција и изградба на станови.
Во меѓувреме портпаролот на германското Министерство за надворешни работи изјави дека Берлин побара од Европска комисија продолжување на граничната контрола на шенген зоната за уште шест месеци.
Во писмото испратено до ЕК се бара продолжување на контролата на германско-австриската граница за уште шест месеци, што беше воведено минатата година откако илјадници мигранти дневно поминуваа на германска територија.
Минатата година во Германија регистрирани се 1,1 милион мигранти.
Ново на Сител
-
Украден сеф со пари од менувачница во Чаир
-
Две жени пријавиле семејно насилство, едната од сегашниот другата од поранешниот сопруг
-
МЗ: Позитивен став кон приватните специјализанти, но решение после изборите
-
Трагите од предметите пронајдени во автомобилот во кој била убиена двегодишната Данка издадени на вештачење
-
Виничанец починал во дворот на сограѓанин
-
Кривични пријави против три лица од Тетово за вршење јавен превоз без лиценца
-
Доживотен затвор за Усеин Р. кој со 42 убоди од нож ја уби Танкица Младеновска од Кочани
-
Училиштата каде што ќе се гласа на изборите, на 23 април и 7 мај ќе работат до 11 часот