Loading Video...
Ракомет
27. January 2019 - 19:08

Данска е новиот Светски ракометен шампион

Репрезентацијата на Данска е новиот Светски ракометен шампион.   
 
Данците во финалето на машкиот ракометен Мундијал чија завршница се играше во Хернинг пред домашната публика, го победија скандинавскиот ривал Норвешка со 31-22. 
 
До својата прва титула од Светските првенства Данците  ги предводеше Микел Хансен кој постигна 7 гола во финалето, а со вкупно 72 е и најдобриот стрелец на Мундијалот. Данските ракометари на патот до шампионскиот трофеј стигнаа со максимални десет победи во исто толку одиграни натпревари. Така Данците по трите неуспешни обиди конечни стигнаа до златото на Светските првенствава, на кои имаат и три сребра и една бронза, со што успеаја да ги обединат Олимиската и Светската шампионска круна 
 
Норвешка ќе ја чека својата трета шанса конечно да стигне до првото злато, откако пред две години загубија на Мундиајлот во Франција токму од „Триколорите“.
 
Бронзениот медал ма Мундијалот го освои сега веќе поранешниот светски шампион Франција чија репрезентација во дуелот за 3.место беше подобра од ко-домаќинот на првенството Германија со 26-25, благодарение на голот на Никола Карабатиќ во последната секунда од мечот
 
На 26-тото СП настапи и репрезентацијата на Македонија која по двете стартни победи над Јапонија и Бахреин, претрпе порази од Хрватска, Шпанија и Исланд со што не успеа да обезбеди место во главната фаза, па во разигрувањето за пласман по поразот од Русија и со победата над Чиле, црвено-жолтите првенството го завршија на 15-тото место. 
 
Следното Светско првенство ќе се одржи по две години, а домаќин ќе биде Египет.