Македонија
6. December 2022 - 12:34

Данокот на имот ги скара штипските советници

Покачувањето на стапките на данок на имот, наследство и подарок и данокот на промет на недвижности од 1%, ги скара власта и опозицијата во штипскиот Совет. Опозициските советници од СДСМ и колацијата сметаат дека покачувањето на стапката од 3% на 4% е на штета на граѓаните и е лоша пресметка на мнозинството во Советот.

  • Ова пластично би значело дека доколку одреден граѓанин за купување на имот од 50 000 евра до сега плаќал 1 500 евра, за данок на промет на недвижности, со оваа нова одлука ќе треба да плати 2 000 евра-изјави Маријана Рогожарска Поповска, координатор на СО-СДСМ.

Од ВМРО ДПМНЕ велат дека се работи за лицемерни заложби, зашто со одлуката не се засегнати сите граѓани, туку само оние кои што купуваат, продаваат, оставаат во наследство или подаруваат имот.

  • На амандманската расправа на Парламентот, политичката партија СДСМ, не го прифати амандманот на ВМРО ДПМНЕ за намалување или задржување на ДДВ за нафтените деривати да остане на 5%, туку утврдија дека данокот ќе се покаќи на 18 % од 01.01.2023 година, со што, потенцирам, ќе бидат засегнати сите граѓани на Р. Македонија- изјави Душко Иванов, координатор на СО-ВМРО-ДПМНЕ.

Иванов додаде дека токму претходните локални власти предводени од СДСМ ја задолжија општината со 5 милиони евра со невраќање на кредити, а долгот ќе мора да го подмири актуелната владеачка гарнитура.