Данок за возилата во Србија од идната година – по година на производство наместо по кубикажа
Од 1 јануари идната година во Србија автомобилите наместо по кубикажа ќе се одданочуваат според годината на производство, најави министерот за финансии Синиша Мали во Собранието.
„Заедно со предлог-буџетот за 2022 година, пред вас ќе имате предлози за изменување и дополнување на законот за сопственост и пренос на апсолутни права, кои ќе предложат како да се реши овој проблем, бидејќи имавме многу коментари од граѓаните и од други за кои постоечкото решение не е логично“.
Тој вака одговори на пратеничко прашање дали може да се примени поправеден модел при оданочување на возилата наместо постоечкиот, бидејќи се случува износот на данокот да ја надмине пазарната вредност на возилото, бидејќи данокот се наплатува според кубикажата на моторот. „Само законско решение ќе овозможи постапката да се заврши многу побрзо и полесно. Овој проблем ќе биде решен до крајот на годината, а од 1 јануари 2022 година ќе почнеме да спроведуваме новото решение“, посочи министерот за финансии на Србија.
Ново на Сител
-
Најмногу дожд во Виница 32 литри на квадрат, најстудено на Попова Шапка минус три степени
-
ЦУК апелира на внимателност поради влошувањето на временските услови
-
Затворен аеродромот Манадо поради ерупција на индонезискиот вулкан Руанг
-
Надал: Нема повеќе да се натпреварувам во Барселона
-
Ред Бул има намера да го задржи Перез во 2025 година и да го врати Албон во 2026 година
-
Нов „Блек шарк“ прстен на „Шјаоми“
-
Стартува трката за пратеници, уште пет дена претседателска кампања
-
Во Брисел продолжува дијалогот меѓу Белград и Приштина за употребата на динарот во Косово