Бизнис
10. November 2018 - 10:51

Даночните канцеларии на УЈП отворени и денес за регистрација на граѓаните во Е-ПДД системот

Управата за јавни приходи известува дека денес, сабота, сите даночните канцеларии (регионални дирекции, даночни одделенија и даночни шалтери)  ќе бидат отворени за граѓаните за да можат да се регистрираат во Системот на Е-ПДД.
 
Работното време на даночните канцеларии ќе биде од 8,30 до 14 часот.
 
Покрај овие мерки Управата за јавни приходи превзема и  други мерки со цел да им се олесни регистрацијата на граѓаните.