Loading Video...
Ракомет
25. July 2018 - 18:00
Данило Брестовац официјално претставен како нов тренер на РК Металург
Актуелниот селектор на младата македонска репрезентација Данило Брестовац и официјално денеска беше претставен како нов тренер на македонскиот вице-првак Металург.
Очекувано, идејата на Брестовац е тимот од Автокоманда пред се да се базира на домашни македонски играчи, а во преден план ќе бидат помладите на кои мора да им се даде повеќе шанса и доверба.
Металург и годинава ќе не преставува во Лигата на шампионите и СЕХА лигата, па оттаму логично беше и прашањето за финансиската стабилност на клубот.
Дали, како и колку тимот од Автокоманда ќе се преструктуира останува да покаже времето.
-
Игор Трпески
Сите содржини од овој новинар
-->
-->