Loading Video...
Ракомет
24. September 2018 - 13:50

Данило Брестовац: Имавме добри и лоши моменти, но треба трпение

По вториот пораз во Лигата на шампионите кој го претрпеа ракометарите на Металург во дуелот со турскиот Бешикташ, тренерот Данило Брестовац уште побара трпение, кое во догледно време ќе донесе и резултати. 
 
“Ништо изненадувачко на овој дуел од Бешикташ. Искуството на Прибак, Доне, Толга противникот го канализираше на најдобар можен начин. Се работи за одличен тим со многу искусни играчи. Имавме добри моменти на оваа средба, но и многу лоши моменти. Со младите мораме да бидеме трпеливи, мораме да изградиме добра база, добар тим и да го комплетираме ростерот со двајца или тројци странци. Знам дека сакате резултати, но мораме да бидеме трпеливи и вие и ние. Би ве замолил да не поддржите во таа наша намера, а од тоа корист нема да има само Металург, туку и репрезентацијата“ изјави Брестовац, по мечот.
 
Следен противник на Металург во Лигата на шампионите ќе биде Татран Прешов во мечот кој ќе се игра во недела (30 септември) во Скопје.