Живот
7. March 2017 - 21:15

Даниела се омажила оваа сабота - додека ги отварала пликоата следел шок

Оваа приказна од Србија делува речиси невистинито, но за жал не само во Србија, туку и во регионот во последните години стана реалност.

Даниела од Србија стапнала на лудиот камен овој викенд, а по прославата кога се вратиле дома со младоженецот и ги извадиле ковертите кои ги добиле со подароци, ги чекало вистинско изненадување, но нималку пријатно.

Тие имале 150 пликоа во кои требало да има пари, но наместо тоа, во дел од нив немало ништо, а во еден имало и празно ливче. Нашле дури 15 празни коверти.

Девојката вели дека разбира што значи да се нема пари и што е криза, но тогаш постојат други начини, а не да се остави празен коверт како подарок, кој секако е тешко да се провери од кого доаѓа.