Loading Video...
Ф1
27. May 2018 - 17:23

Даниел Рикардо победник на Гранд-прито во Монако

Даниел Рикардо е победник на 6-татат трка во Формула 1 шампионатот која се возеше попладнево низ улиците на Монте Карло, за големата награда на Монако. 
 
До својата втора овосезонска победа возачот на Ред Бул стигна пред Германецот, Себастијан Фетел на Ферари и актуелниот шампион Луис Хамилтон од Мерцедес кои исто како и Австралиецот имаат по две победи 
 
Хамилтон е лидер во Генералниот поредок со 110 бодови, пред Фетел кој има 96, односно Рикардо кој сега е трет со 72 бодови. 
 
Следната трка ќе се вози на патеката во Монтреал за ГН на Канада по две седмици