Џет-Сет
26. March 2019 - 11:36

Даниел Крејг тајно пристигна во Белград - што планира да прави славниот Џејмс Бонд во Србија?

Србија стана омилена точка за посети и деловни преговори за светските ѕвезди, како што пишува српски Курир, во Белград по Џони Деп, пристигна и славниот Даниел Крејг. 
 
Се уште се шпекулира зошто агентот 007 тајно пристигнал во Белград. За сега постојат неколку можни причини, една од нив дека бара локација за серијата  "Purity", потоа и за филмот "The Creed of Violence", наверојатно тие одлучиле дека новиот „Бонд“ треба да се снима во Србија. 
 
Минатата година британскиот актер Даниел Крејг откри дека ќе игра во уште еден филм за тајниот агент Џејмс Бонд, но дека тоа дефинитивно ќе биде неговото последно појавување во таа улога. 
 
Крејг наводно бил незадоволен со успехот на еден од филмовите за Бонд „Спектра“,  во 2015 година одлучил повеќе да не се појавува во таа улога, но сепак се предомислил.