Џет-Сет
18. April 2016 - 11:28

Даниел Кајмакоски во ТЛЗП како Џастин Бибер повторно ја запали сцената

Популарниот Даниел Кајмакоски одлично се справи и со новиот предизвик во регионалното шоу „Твоето лице звучи познато“.
 
32-годишниот македонски пејач беше во улога на тинејџерската ѕвезда Џастин Бибер и го имитрираше неговиот настап од овогодишното доделување на „Brit Awards“.
 
Кајмакоски прво ја изведе „Love Yourself“, а потоа повторно ја запали сцената со хитот „Sorry“ од популарниот пејач.