Џет-Сет
16. July 2015 - 16:35

Даниел Кајмакоски со летен хит

Првата песна од првиот албум на Даниел Кајмакоски, кој наскоро ќе биде објавен, беше промовирана денеска. Се работи за песната „10 лета“, чијшто автор е српската композиторка Александра Милутиновиќ. Аранжманот, продукцијата и придружните вокали се на Дарко Димитров, додека преводот и адаптацијата на текстот на македонски јазик е заедничка на Кајмакоски, Димитров и на Огнен Неделковски.

Видеоспотот е дело на „DK team and Storyteller“.