Живот
23. May 2016 - 0:22

Даниел Кајмакоски победник во третата сезона на Твоето Лице Звучи Познато

Даниел Кајмакоски ја однесе победата во третата сезона од шоуто "Твоето лице звучи познато". 

- Ви благодарам многу луѓе. Додека траеше шоуто, размислував каде да ги донирам парите доколку победам. Решив парите да и ги дадам на една самохрана мајка која има две болни деца, таа е од Куманово, а за операција на децата се потребни 100 илјади евра. Се надевам дека ја донесов вистинската одлука, рече Даниел непосредно по прогласувањето на победата.