Свет
26. July 2019 - 15:22

Данфорд: Умерен оптимист сум за договорено решение за авганистанската војна

Американскиот  генерал Џозеф Данфорд изјави денеска дека е умерен оптимист за напорите да се постигне договорено решение за ставање крај на речиси 18-годишната авганистанска војна во коментар по разговорот со авганистанскиот претседател и шеф на американскиот преговарачки тим.

– Сите сме умерени оптимисти дека амбасадорот Калилзад сега прави нешто што не го видовме цело време во Авганистан, рече генералот Данфорд, шеф на Здружениот штаб на американската војска, во врска со Залмај Калилзад, американски посредник во преговорите со талибанските бунтовници.

Данфорд ја даде изјавата на група новинари во Багдад, по посетата на Кабул.