Македонија
2. May 2018 - 15:23

Данев: Владејачкото мнозинство да го поддржи законот за намалување на акцизата

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, и покрај тоа што владејачкото мнозинство денеска одби да го стави на дневен ред законот за намалување акцизата по скратена постапка, се надева дека текстот ќе го поддржат во редовна постапка.    

- Ние апелираме до пратениците од владејачкото мнозинство по гласањето против овој закон да се поднесе по скратена постапка, сепак да ги стават интересите на граѓаните пред партиските интереси и при редовната процедура на носење на овој закон да го поддржат овој закон и на тој начин влијаат на квалитетот на живот на граѓаните. Верувам дека интересот на граѓаните на Република Македонија ќе биде пред партискиот и личен интерес на пратениците од владејачкото мнозинство, изјави координаторот на ВМРО-ДПМНЕ Драган Данев.

Ова зголемување на акцизата, според него, само индустријата ја чини ова покачување близу 5.5 милиони евра, транспортот го чини фантастични 32 милиони евра.