Македонија
10. December 2019 - 14:26

Данев: Венецијанската комисија јасно кажа дека Законот за јазици е противуставен

Измените на Законот за јазици кои ги најавија од опозициската ВМРО - ДПМНЕ се усште се на работа во стручните партиски тимови, но пратеникот Драган Данев најави дека тие би требало да бидат поднесени и донесени од овој парламентарен состав. Измените, како што рече Данев ќе бидат согласно забелешките на Венецијанската комисија, а според него странските експерти јасно посочиле дека постојниот Закон за јазици е противуставен и надвор од европските практики. 

- На почитување на Венецијанската комисија упатува и нон пејперот на Франција според кој државата за влез во ЕУ ќе биде оценувана и според тоа колку ги почитува одлуките на вакво тела, рече Данев

Катерина Нешкова