Македонија
27. October 2021 - 16:45

Данела тврди дека од СДСМ лажат за да останат на власт, СДСМ тврди дека имала и бугарска лична карта

Оние кои ги продадоа сите национални интереси сега безумно лажат и ме претставуваат како антидржавен елемент, само за да си ги спасат фотелјите. Остра реакција на независната кандидатка за градоначалник на Скопје во која ги демантираше наводите на СДСМ дека поседува бугарско државјанство. 

Вели, вистината ќе ја докаже и на суд. Додава дека е свесна дека партијата на власт е во паника бидејќи резултатите во недела ќе бидат удар на премиерската фотелја но не сака да се меша во централната политика бидејќи како што кажа, таа влегла во оваа трка за да ги решава локалните проблеми на скопјани а не да води висока политика. 

СДСМ денеска со нови обвинувања. Од владејачката партија ја обвинија Арсовска дека поседувала бугарска лична карта.

СДСМ вчера објави дека Арсовска поседува бугарско државјанство но името кое беше објавено на документот се разликува од роденото име на кандидатката која во првиот круг доби најголема довеерба од скопјани.