Бизнис
4. March 2019 - 11:30

Дан Тимотин нов генерален директор на Пивара Скопје

 Нов генерален директор на Пивара Скопје е Дан Тимотин, кој доаѓа на оваа функција од позицијата менаџер за продажба за Романија.

Тој го наследи Владимир Косијер, кој заминува на нова раководна функција во системот на Coca-Cola HBC, како менаџер за продажба за Русија.

Од компанијата информираат дека Тимотин е искусен менаџер кој уште од 2011 година ја гради својата професионална кариера во системот на Coca-Cola HBC, извршувајќи различни лидерски функции во секторите за финансии и продажба.

– Доаѓањето на чело на тимот на Пивара Скопје е голем предизвик за мене, на кој јас искрено се радувам. Свесен сум за досегашната богата традиција, извонредните успеси и големиот придонес и значење што оваа компанија го има за целата земја. Лично се уверив и во високите квалитети што ги поседуваат вработените во Пивара Скопје, изјави Тимотин.