Балкан
15. May 2017 - 11:48

„Дан“: Светозар Маровиќ на лекување во Белград

Поранешниот претседател на државната заедница Србија и Црна Гора и некогашен прв човек на црногорското Собрание, Светозар Маровиќ, се наоѓа на лекување во болница во Белград, објави денеска подгоричкиот весник „Дан“.

Информациите за хоспитализацијата на Маровиќ доаѓаат откако властите во Подгорица најавија дека ќе распишат потерница по овој некогашен висок функционер на владејачката Демократска партија на социјалиситте (ДПС), затоа што не се одѕвал на поканата на издржување затворска казана. 

Извор на „Дан“ од Министерство за внатрешни работи на Србија изјавил дека во текот на неделава недлежните органи на Црна Гора ќе бидат информирани дека Маровиќ се наоѓа на лекување во Белград и дека српската полиција нема да го уапсат се додека „не биде завршен неговиот медицински третман“.

- По излегување од болница, Маровиќ сам ќе се јави на истражните органи на Црна Гора кои го бараат. Тој не се крие во Белград, туку е во болница, за тоа се информирани нашите службени лица, а во текот на неделата кога ќе ја добиеме официјалната потерница, по писмен пат ќе ги инфомрираме за тоа и колегите во Црна Гора, соопшти изворот од српското Министерство.

Според „Дан“, лекувањето на Маровиќ најверојатно ќе трае уште два месеци, а дотогаш српката полиција нема да го апси и предаде на Црна Гора.

Весникот пишува дека Масровиќ по доаѓањето во Белград, уредно се јавил во полиција, пријавил место на претстој и адресата на клиниката каде што ќе се лекува.

Тој на полицијата и соопшти дека не планира да бега, туку дека по завршувањето на лекувањето ќе отиде во Црна Гора на издржување на затворската казна. 

Лани во септември Маровиќ беше осуден на три години и 10 месеци затвори и парична казна од 1,1 евра по обвинение за корупција и злоупотреба на службнеата положба при купување на недвижен имот во Будва преку фирма на неговиот син.