Спорт плус
21. May 2016 - 19:36

Дамјановска со личен рекорд на 50 метри слободно

Македонската пливачка Ана Марија Дамјановска на својот втор настап на ЕП во пливање во Лондон денеска во трката на 50 метри слободно го освои 58 место во конкуренција на 62 натпреварувачки.

Таа победи во првата од седумте групи со време 27.58 секнди што беше за половина секунда подобар резултат од нејзиното пријавено време и нејзин нов личен рекорд.

Инаку македонска рекордерка на 50 метри слободно е Анастасија Богдановски со 26.43 секунди.

Богдановски не настапи на ЕП во Лондон бидејќи се подготвува за настап на ЛОИ во Рио. Покрај Дамјановска на ЕП настапија уште: Марко Блажевски, Љупчо Ангеловски и Андреј Стојановски.