Кошарка
5. September 2016 - 15:40

Дамјан Стојановски ги скинал лигаментите на коленото

Македонскиот кошаркарски репрезентативец Дамјан Стојановски повторно се соочува со пауза откако на натпреварот со Велика Британија во сабота го повреди коленто. Според лекарските прегледи (магнетна резонанца) направени во клиниката „Филип Втори“ покажаа дека се скинати предните вркстени лигаменти на десното колено. Стојановски ќе мора итно да биде опериран, а во тој случај заедно со рехабилитацијата паузата ќе трае меѓу шест – седум месеци. 
Репрезентативецот на Македонија претходно имаше слична повреда но на левото колено.
Ова е сериозен удар за составот на селекторот Драган Раца во пресрет на следните четири натпревари до крајот на квалификациите за Еуробаскет 2017.