Македонија
10. October 2017 - 15:04

Дамчевска: Неспособноста на СДС во здравството е фатална, а црниот биланс на Детската клиника постојано се зголемува

Владата на СДС продолжува да создава хаос во здравството. Неспособноста на СДС во здравството е фатална, а црниот биланс на Детската клиника постојано се зголемува, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Јасмина Дамчевска од ВМРО-ДПМНЕ денеска изјави дека СДСМ е одговорен за уште едно починато дете на Клиниката за детски болести во Скопје.

-Поради неодговорните и нестручни раководни кадри на СДС во Министерството за здравство и на Клиниката, уште еден детски живот заврши трагично. Веќе четири месеци откако е на власт, СДС не ја отвора новата интензивна нега на Детска клиника која е одамна готова. Заменик министерот за здравство поставен од СДС и директорката-туристка не го отвараат комплетно подготвениот и опремен оддел за интензивна нега на Детска клиника, веројатно за да го прикажат подоцна како заслуга на СДС? Зошто децата на кои им е најпотребна помош, ги оставаат на немилост? На толку вложени инвестиции од претходната Влада, набавена нова медицинска опрема и сериозно унапредени услови за третман на децата, СДС покажа дека се неспособни да менаџираат и раководат во здравството, истакна Дамчевска.

Таа од граѓаните побара да не дозволат неспособноста на СДСМ и понатаму да резултира со фатален поход и тие да бидат казнети на 15 октомври.