Интернет
13. February 2020 - 14:53

Дали знаевте дека овие #hashtags на Инстаграм се забранети?

Хаштаговите можат да бидат добро “оружје”, но и многу лесно злоупотребено.

Инстаграм секоја година, всушност, секој ден, одлучува кои хаштагови ќе бидат забранети за употреба.

Некои се целосно забранети, а некои само привремено.

Ова не е толку важно за лична употреба, но работите се сосема различни за оние кои го користат за работа.

Досега се забранети хаштагови кои би можеле да поттикнат неодговорно и непристојно однесување, но постојат неколку нивоа на цензура.

Хаштаговите можат да бидат целосно блокирани и да не ви даваат никакви резултати, но тука постои и “мека”, блокада која привремено блокира дел од хаштаговите.

Погледнете некои од најинтересните хаштагови што во моментов се забранети на Инстаграм – но имајте на ум дека комплетната листа има над 100.000 хаштагови.