Живот
19. August 2016 - 19:46

Дали знаете за што служат последните дупчиња на патиките?

Дали некогаш сте се запрашале за што служат последните дупчиња за врвки на спортските патики? Тие обично остануваат неискористени и речиси никоја не ја знае нивната вистинска намена.
 
Токму поради тоа на Јутјуб каналот е објавено видео од групата  „Illumiseen“ во кое е објаснета нивната функција и авторите го создале најнеобичниот вирален хит на интернет.
 
Видеото на Јутјуб е објавено пред еден месец а социјалните мрежи го откриле дури сега. Оттогаш ова видео има над 7 милиони посети.
 
Последните дупчиња на патиките служат за имобилизација на стапалата во патиките, со цел трчањето да биде поудобно,и патиките да бидат добро прицврстени за стапалата.