Македонија
7. May 2021 - 21:20

Дали заедничката збирка на писма од Делчев на македонскиот и бугарскиот архив може да ги приближи ставовите на двете земји?

Збирката за Гоце Делчев на која работат бугарскиот и македонскиот архив, нема да ги затопли односите меѓу двете држави, смета историчарот Наташа Котлар-Трајкова. За писмата кои Делчев ги разменувал со своите соборци, а ќе се најдат во збирката, како и за содржината, според Котлар, само ќе ги потврдат историските факти.

„Не очекувам да најдам нешто што не е својствено за јазикот и филозофијата и начинот на живеење во 19 век во оние прилики кога била Македонија и нејзините револуционери. Особено дека имале голем непријател во Врховизмот кој што во една легална форма беше во бугарската држава и ги извршуваше работите на бугарскиот Кнез, двор и Влада“, вели Наташа Котлар-Трајкова, Универзитетски професор.

За надминување на отворените историски прашања, Котлар смета дека неопходно е да се обезбеди документација и од други државни архиви. Очекува и Софискиот архив да го отвори депото.

„Историските личности не се решеваат само со еднострана документација која во случајот потекнува од Бугарија. Нам ни требаат документи и од османсликите архиви и од Грција... Но дали ќе бидат отворени и бугарските архиви да ги доловат вистинските документи кои нам ни се потребни?“, прашува Котлар.

Но, писмата од Гоце не се единствените документи во кои е јасна неговата борба за Мекдонија. Во држвниот архив има оригинали од бугарски весници и други документи од 1903 во кои се посочува дека е убиен македонскиот револуционер, наспроти тврдењето на премиерот Борисов дека Делчев бил бугарски револуционер и македонски војвода.

Збирката која ја подготвуваат државните архиви на Макеоднија и Бугарија треба да биде објавена идната години кога се навршуваат 150 години од раѓањето на Гоце Делчев.