Бизнис
17. July 2019 - 16:09

Дали во Стопанските комори имало пријави од свои членки за побаран рекет?

Дали имало бизнисмени кои  биле рекетирани? Премиерот вели дека има, а од Сојузот на Стопански комори  една од трите најголеми комори во земјава пак тврдат дека  ниту една нивна членка досега не се пожалила дека им биле изнудени пари.

Истите прашања ги поставивме и до другите комори  Стопанската и комора на северозападна Македонија , но од таму до подготовка на прилогот одговор не добивме.

Премиерот Заев пак денеска соопшти дека некој од бизнсимените кои  биле уценувани му се пожалиле и  лично на него, а тој случаите ги пријавил до надлежните институции.

Деновиве во јавноста излегоа информации дека освен бизнисменот Орце Камчев, рекетирани биле и други познати бизнисмени.