Македонија
13. October 2021 - 16:54

Дали ветувањата на партиските митинзи може да донесат повеќе гласови

Кој повеќе криминал направил и кој е покорупмпиран се прашањата што се вратат во кампањата во македонскиот блок партии. Претседател - Албанец, Македонците како технолошки вишок се пак, доминатни теми кај албанските партии.

Според аналитичарот Клековски тоа е резултат на оној дел од кампањата за тоа дали државата оди во исправен или погрешен правец. Но, аналитичарот вели ова не мотивира, туку демотивира гласачи.

За граѓанскиот активист Бесим Небиу пак, партиите отвараат теми со цел да не зборуваат за резултати бидејки нив, вели, ги нема.

И според Небиу ова нема да донесе нови гласови на партиските конта што се  појкажало во последните изборни циклуси.

Она што е освежување во локалната кампања е еко-димензијата. Сепак аналитичарите предупредуваат дека за ваквите ветувања често нема предвиден буџет што ги прави тешко остварливи.