Дали Трамп го чека импичмент?
Откритието дека претседателот на САД Доналд Трамп дал на руски функционери тајни разузнавачки информации во текот на нивната посета на Белата куќа го доведе Вашингтон во состојба на лудило, а се почесто се спомнува терминот кој ниту еден претседател на САД не сака да го слушне – импичмент, процедура за смена од функцијата.
Како што пишува „Индепендент” републиканскиот претседател Трамп можеби никогаш нема да се соочи со отповикување, но барањата од Демократската партија за Конгресот сериозно да го разгледа тоа прашање се се погласни.
Весникот наведува дека „импичмент” е процес кој не мора нужно да значи смена од позицијата, но дека тоа е сериозна ситуација за претседател или било кој висок државен функционер и претставува чекор кон смена.
Технички, „импичмент” е формално обвинение проти службеник кој го издава Конгресот и не мора да има врска со „судење” или „наоѓање на кривично дело”.
По дебатата во Претставничкиот дом, наведува весникот, законодавното тело гласа за документ на Комитетот на судиите, а ако добие мнозинство гласови, претседателот се смета за сменет.
Потоа, наведува „Индипендент”, документот на Комитетот на судиите оди во Сенатот, на разгледување и „судење”.
Обвинетиот се изложува на одбрана, а ако двотретинско мнозинство во Сенатот гласа против претседателот, тој е разрешен од функцијата.
Администрацијата на Трамп е преполна со скандали, наведе „Индипендент” и додава дека тие кои повикуваат на смена на Трамп своето барање го темелат на неговата кампања и наводните врски со Русија, што е се уште во домен на шпекулации.
Одлуката на Трамп да изнесе на руски функционери доверливи разузнавачки податоци, технички е во согласност со законот, наведува весникот и додава дека претседателот има право врз основ на Уставот да одлучи дали американската влада ја смета некоја информација за доверлива или не и да разговара за тоа со било кого.
До сега тројца американски претседатели биле соочени со постапка на отповикување, пишува „Индипендент” и наведува дека станува збор за Ендрју Џонсон (на позиција од 1866 до 1869), кој понудил амнестија на функционерите на Конфедерацијата и ставил вето на заштитата на човековите права на поранешните робови, Ричард Никсон (1969-74) поради аферата „Вотергејт” и Бил Клинтон (1993-2000) поради аферата „Левински”.
Меѓутоа, ниту еден од нив не бил официјално сменет, на Џонсон и Клинтон подоцна Сенатот изгласал доверба, а Никсон поднел оставка пред завршувањето на процесот на импичмент, потсетува „Индипендент”.
Танјуг - Белград
Ново на Сител
-
Советот НАТО-Украина ќе одржи вонреден состанок за противвоздушната одбрана на Киев
-
Спречен нов атентат врз Зеленски, уапсен Полјак кој соработувал со Русите
-
Бојмацалиев: Една година ФРОНТЕКС - прв договор потпишан на македонски јазик со ЕУ
-
Избрани 12 поротници за судењето против Трамп
-
Директорот на ЦИА предупредува дека Украина би можела да ја изгуби војната до крајот на годинава ако Конгресот не ја одобри помошта за неа
-
Кривична пријава за директор на ЈП „Стрежево" Битола за злоупотреба на службена положба и злоупотреба на постапка за јавен повик
-
Притвор за еден од осомничените за кражбата на сефот од маркет во Црниче
-
ЦУК: Изминатото деноноќие 1 709 повици на 112, нема пожари на отворено