Македонија
10. April 2021 - 21:16

Дали стратешките партнери во НАТО водат иницијатива за сузбивање на криминални структури во институциите на системот?

Членството во НАТО ја прави Македонија релевантен партнер со кој меѓународните институции ја зајакнуваат борбата со криминалот внатре во земјата. Двете големи полициски акции кои МВР за само неколку дена ги спроведе во собратка со американската амбасада и американската управа за борба со дрога ДЕА, според универзитетскиот професор Дујовски не се ништо ново, но се доказ за зближување на соработката со стратешките партнери.

Според професорот Дујовски овие акции покажаа дека Македонија има сериозно загрозен безбедносен систем одвнатре, а нарушениот меѓународен кредибилитет може да се подобри само со целосно расчистување на двата случаи. По МВР, сега на ред се јавното обвинителство и судот.

Борбата со криминалот и корупцијата се проблеми за Македонија кои се провлекуваат во сите релевантни меѓународни извештаи за напредокот на земјава повеќе години. Професорот Дујовски вели дека овие акции можат да ја променат ваквата слика, но само со уште поинтензивна и поупорна борба со криминалните структури.