Македонија
4. November 2015 - 16:51

Дали специјалната обвинителка ќе истражува и кој прислушувал

Прв предмет кој што специјалната обвинителка Катица Јанева треба да го оформи е кој тоа во Македонија организираше масовно прислушување и за која цел. Новинарот Цветин Чилиманов во изјава за емисијата Круг, на Радио слободна Македонија, смета дека одговорот на ова прашање е првостепено и затоа првиот предмет ислезен од обвинителството на Јанева треба да биде токму за прислушувањето.

Специјалното обвинителство го доби и буџетот што Јанева го побара, а од денеска и посебните простори. Чилиманов смета дека од сериозноста на пристапот кој работата ќе зависи и успехот или неуспехот на специјалното обвинителство.