Македонија
22. July 2021 - 21:15

Дали Собранието смее да го остави Уставниот суд со преполовен капацитет?

Работата на Уставен со шестмина судии може да предизвика Уставна криза, смета поранешниот претседател на судот, Трендафил Ивановски. Вели дека не било исправно да се работи со помал број на судии, бидејќи одлуките се носеле најмалку со пет гласови „За“ и одлучувањето за одредени предмети би можело да биде проблематично.

Штом е на тој минимум на опстанување, состојбата е алармантна и треба што поскоро собранието да изнајде сили и моќ да го комплетира составот, да ги избере тие тројца уставни судии за да може и формално-правно да егзистира.

Трендафилов предупредува дека работата на Уставен може дополнително да се комплицира ако нема избор на судии до истек на мандатот на судијата Јосифовски. Вели ако собранието не смогне сили да предложи кандидати, можна е да се блокира работата на судот и спроведувањето на уставот.

Речиси два месеци Уставен наместо со деветмина, работи со шест судии. Во овој период, собранието во два наврати на седница на комисија за избори и именувања не предложи кандидати за судии откако на тројца им заврши мандатот. Во меѓувреме невладините апелираа да се промени начинот на избор кој сега предвидува кандидатот да биде истакнат правник. Сметаат дека тоа оставало простор за манипулација и партизираност на постапката.