Македонија
2. July 2019 - 16:33

Дали случајот „Ликвидација“ е веќе застарен

Обвинетите во предметот Ликвидација кои одговараат за кривични дела од 2008 година, велат дека денес тие се застарени.. На почеток од повтореното судење, побараа прочистување на обвинението поради застареност за кривично гонење..

 „Па, Јас мислам дека за сите се застарени, освен за едно дело ама тоа ќе се произнесат обвинителството и судот“, изјави Валентин Зафиров, обвинет.

„Тоа ќе зависи од реакцијата кај обвинителството бидејќи треба да утврди за кој од нив е настапена застареност и ќе го увидиме дефинитивниот број пред почетокот на идното рочиште“, изјави Филип Медарски, Адвокат.

Ликвидација е повторно во судница откако Врховен го врати предметот на првостепениот суд заради утврдени пропусти при водење на постапката.. Првото повторено судење се одложи заради отсуство на поротник.. Следното рочиште ќе се одржи на трети септември.. Од обвинителството најавиа дека до тогаш ќе се ревидира обвинението и ќе се утврди кои од кривичните дела се застарени..

Моментално, за случајот Ликвидација на обвинителна клупа се 8-мина, двајца судии и обвинител од Велес, бизнисмен – одговараат за противзаконито посредување, злоупотреба на службена положба, поседување оружје.. Поради откривање идентитет на заштитен сведок обвинет е новинарот Томислав Кежаровски..

„Јас искрено очекувам дека веќе ќе има разврска целиот овој случај и дека ќе бидат познати сторителите“, изјави Томислав Кежаровски, обвинет.

Осумтемина обвинети во Ликвидација, во 2013-та, беа осудени на затворски и условни казни од една до три години..

Одговараа за незаконски дејствија при водење на судскиот случај платено убиство во Ореше.