Македонија
16. March 2019 - 16:13

Дали Силјановска и Пендаровски ветуваат нешто што можат и да остварат?

Две недели пред стартот на кампањата кандидатите речиси да ја прошетаа целата држава а се уште ја немаат објавено изборната програма . Секојдневно објавуваат како оствариле средба со локални жители, пазарџии, занаетчии, активисти, организираат трибини и собири. На граѓаните им даваат ветувања за кои како претседател на државата  ќе немаат ингеренции да ги остварат. Политичките аналитичари за кампања која до сега ја водат Стево Пендаровски и Гордана Силјановска  сметаат дека е  типична  за парламентарни избори.

„ Не соодвестуваат со нивните реални ингеренции но мислам дека желбата на нивните партии е да ги промовираат како свои шампиони , свои претставници и затоа кампањата ја водат партиски штабови. Тука се мешаат агендите. Не се реални нивните средби немаат влијание, претседателот нема ингеренции врз тие гласачи. Но мислам дека сето ова е уште шлагот нна кампањата. Нивните позиции ќе се кристализираат кога ќе започне официјалниот дел кога ќе влезат во дуели тогаш ќе се фокусираат на нивните вистински ингеренции.

До тогаш Арсовски очекува да продолжат со истото темпо. Тој очекува од 1 април  ВМРО ДПМНЕ да се фокусира на критики за власта и неостварените реформи. Целта на опозициската кампања според Асровски ќе биде да го консолидира партиското јадро. За  СДСМ пак вели акцентот ќе го стават на меѓународната политика и евроатланските интеграции.

До сега Стево Пендаровски и Гордана Силјановска имаа бројни телевизиски интервјуа, обраќања, настани. ДИК за сето ова велат  не  регистрирале предвремено почнување на кампања а пак партиите тврдат дека се работи за редовни партиски активности.