Бизнис
20. September 2022 - 21:17

Дали продолженото ограничување на маржата на основните прехранбени продукти ќе ги испразни рафтовите?

Цените на основните прехранбени производи ќе останат исти до  крајот на годината. Владата одлучи маржата за тровците да остане замрзмната и наредните 3 месеци,  за да се стабилизираат цените. За белиот леб, шеќерот и  сончогледовото масло маржата е ограничена на 5% и за трговците на големо и за тие на мало, за брашнито, макароните, оризот, трајното млекот и јајцата до 10 отсто.

 На овој начин, според  владиното соопшение, евентуалниот пораст ќе биде предизвикан единствено од растот на увозните и берзански цени, како и растот на производствените трошоци.

Одлуката е добра, може благо да го ублажи  шокот од секојдневниот пораст на цените, велат од Сојузот на Стопанските Комори. Не очекуваат де се потври априлското сценарио, кога трговците  повлекоa дел од проззводите и полиците останаа празни

- Секогаш замрзнувањето на маржата, само како маржа не може да предизвика недостиг на производите. Така да очекуваме само замрзнувањето на маржата, а не и на цените би требало да биде во ред и генерално да  може да ја одржи целата работа да функционира, односно производи да има доволно во маркетите и на рафтовите, изјави Трајан Анѓелоски, престедател ан Сојуз на Стопански Комори 

Најмногу недостиг се јави кај маслото за јадење. Сега производителите велат – има доволно и ќе се продава по иста цена.

- Обезбедени се доволни количини масло за јадење до крајот на годината. Моментално цената на берзите е стабилна, така што не се очекува пораст на цената наредните 3 месеци. Произведените количини се неменети за македонскиот пазар, за македонските граѓани, така што извоз на масло за јадење во соседните земји немаме,  изјави  Сашо Наумовски, генерален директор на Витаминка. 

Доколку се случи недостиг на одредени производи, од Комората велат дека  ќе си помагаме со соседните земји.

- Оној систем што го иаммве претходно земјите да ги затвораат своите граници ќе стане минато. Сите политичари сватија дека мора да си помагаме и да соработуваме, додава Анѓеловски.

Од Државниот пазарен инспекторат најавуваат засилени контроли периодот кој следи и во трговијата на мало и во трговијата на големо. Не очекуваат дел од маркетите да останат со празни рафтови,  чекајќи одзмрзување на маржата за да заработат повеќе.

Во меѓувреме, според последните податоци  кои ги објави Сојузот на Синдикати, лебот кај нас поскапел најмогу од сите земји членки на Унијата. За една година се продава за 100% поскапо, или ако лани се продавал за 25 денари, сега чини околу 50 денари. Ова зголемување на цената е 5 пати повеќе од просекот на зголемување на цената во земјите членки на Унијата.