Свет
30. November 2016 - 22:38

Дали проблем со електрониката е причина за падот на авионот кај Меделин?

Прегледувањето на црните кутии на авионот кој се урна во Колумбија ќе откријат дел од дилемите зошто дојде до авионската несреќа.

Претпоставките на медиумите во Бразил и Колумбија сметаат дека проблемот со електрониката е причината за падот на авионот.

Пилотите многу порано пед авионот да се сруши, најавиле проблеми, а кога веќе било извесно дека ќе се сруши, авионот испуштал горивото, за да се избегне голема експлозија. 

Ова испуштањето на гориво беше спас за петмина патници, кои ја преживеаја авионската несреќа кај Меделин.